Новости


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска одржа прв работен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија.

Фокусот на овој значаен работен состанок беше прогресот на тековните ИПА проекти и идните проекти кои допрва треба да започнат во рамките на МЗШВ.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Неговата Екселенција Ласло Дукс на која разговараа за можностите и потенцијалот за соработка во областа на земјоделството, кое е еден од најважните сектори во економијата на двете земји.


На денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, беше потврдена одличната соработка меѓу нашите две пријателски земји и континуираната поддршка што Германија ја обезбедува на нашата земја, за побрз економски развој.


Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со регионалната проектна менаџерка за родово-одговорно буџетирање за Европа и Централна Азија на UN Women Ермира Лубани, одржаа работен состанок со членовите на работната група за родова еднаквост и зајакнување на жените при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и министерот на Република Албанија Бледи Чучи го потпиша Договорот за фитосанитарна соработка.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици