Соопштенија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираа предлог буџетот за земјоделскиот сектор за 2023 година.

Во услови на светска криза, земјоделскиот сектор е еден од клучните столбови на сигурност дека храна ќе има доволно за сите. Позади нас е година во која успешно ги надминавме сите предизвици, реализиравме многу интервентни мерки за поддршка на земјоделците.


Очајни се обидите на Цветан Трипуновски да протне нова лага. Уште еднаш Цветан покажа дека нема никакво познавање од земјоделството. Трагично е тоа што Цветан излегол на протест со двајца негови членови, кои до сега, без да плаќаат закуп кон државата го узурпирале истото земјиште за кое денес протестираат. Токму Цветан бил директор на ДИЗ во периодот кога овие лица го узурпирале земјиштето, па наместо соодветно да постапи, он како тогашен директор ги заштитувал во узурпацијата. Денес за нивната узурпација има записници од страна на ДИЗ и пропишани прекршочни казни. Истите лица кои денес со Цветан протестираат иако имале можност да аплицираат на распишаниот оглас за ова земјиште, тие не аплицирале. Лага е и дака фирмата е ослободена од плаќање. Напротив истата ќе плаќа годишен закуп од 27.500 евра, додека за разлика од нив лицата кои протестираа со години узурпирале земјоделско земјиште без ниту еден денар закуп да и платат на државата.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство, шуамрство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.

Двајцата министри, на средбата, истакнаа дека ова е добра можност за унапредување на меѓусебната соработка, како и можност за меѓусебна размена на искуства и добри практики во развојот и модернизацијата на земјоделството.

Преку Меморандумот за соработка помеѓу двете министерства на Северна Македонија и Косово, потпишан на заедничката седница помеѓу владите одржана во септември 2021 година, се регулира меѓуебната соработка и размена на искуства за ИПАРД програмите.

Република Северна Македонија е земја лидер во регионот по искористеност на средства од ИПАРД програмите, со високи 95% искористеност на средствата. Таквите резултати ги потврди  и Европската Комисија која од следната ИПАРД 3 програма ја зголеми за 62% поддршката кон Северна Македонија. Министерот Николовски на средбата нагласи дека токму ова наше позитивно искуство сакаме да го споделиме, помагајќи им на институциите во Косово успешно реализирање на ИПАРД програмите и можностите за развој и модернизација на земјоделството кој оваа програма ги нуди.

Двајцата министри на средбата разговараа и за добрата меѓусебна соработка во делот на меѓусебната размена на земјоделско - прехранбени производи, како и за добрата соработка меѓу агенциите за храна и ветеринарство.

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство на Република Бугарија, Јавор Гечев.

Двајцата министри истакнаа дека денешната работна средбата помеѓу двете министерства е показател, за заедничко унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија во областа на земјоделството.

Меѓусебната соработка е потврдена и зајакната преку потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу двете министерства, за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралниот развој и шумарството. Овој Меморандум беше потпишан на 25 јануари 2022 година, за време на втората заедничка седница меѓу владите, која се одржа во Софија. 

На средбата двајцата министри разговараа и за зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско - прехранбени производи на пазарите во двете држави, особено во услови на светска криза, со цел обезбедување доволни количини на храна за граѓаните во двете држави.


Посветеноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за  унапредување и почитување на правата од работен однос на вработените во Министерството, во изминатите 5 години е потврдена и со конкретни резултати. Да потсетиме, дека уште во првите денови од промената на власта во 2017 година, се започнаа преговори со синдикатите за склучување на колективен договор, со единствена цел - да се решат долгогодишните барања на синдикатите за зголемување на платите на припадниците на шумската полиција за 30%. Сериозниот пристап во овој процес резултираше со обезбедување на финасиски средства во буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за овозможување на овие права на припадниците на шумската полиција.

Меѓутоа, спротивно на начелата на градење на доверба и конструктивна соработка со синдикалните партнери, заради унапредување на правата на вработените во МЗШВ, синдикатите потписници на Колективниот договор за вработените во МЗШВ, без спроведување на законска постапка склучиле незаконит колективен договор со тогашниот министер. Доколку истиот продолжеше да се применува ќе предизвикаше долгорочни негативни последици врз остварување на основните права од работен однос на вработените во МЗШВ.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици