Јавни Огласи


Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени’’.

Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат градежни работи за подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационо подрачје Дабјани. Поконкретно, ова вклучува рехабилитација на постојните тампонирани пристапни/сервисни патишта и изградба на нови. Дополнително, ќе се спроведат хидромелиоративни интервенции за подобрување на системот за одводнување, вклучително и изградба на премини преку постојните одводни канали со користење на цевки и цевасти пропусти.


Врз основа на член 11 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на РМ,, број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018 и ,,Службен весник на РСМ,, број 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022), а во врска со член 7 став (1) од Законот за практикантство (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 98/2019 и 103/2021) и Јавниот оглас за ангажирање практиканти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство број 03/2023, Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлука за ангажирање практиканти. 


Ги известуваме сите заинтересирани правни и физички лица дека на барање на Еколошко друштво “Кајмакчалан„ од с. Маково, Битола, започната е постапка за регистрација на заштитена географска ознака – Мариовски мед согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116,15, 149/15, 193/15 и 39/16 и ,,Сл.весник на РСМ,, бр. 150/21). 


Врз основа на член 101 став (2) од Законот за земјоделство и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23) и член 5 став (1) алинеја 4, член 11 став (1) и член 12 став (1) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23 и 123/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:


Врз основа на член 4 од Законот за практикантство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019 и 103/2021), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува Јавен оглас број 03/2023 за ангажирање на практиканти



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици