Младите земјоделци се во фокусот на сите мерки, програми и политики, кои изминативе години ги креира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Преку Програмата за рурален развој предвидени се две мерки, кои даваат директна поддршка за младите земјоделци од 18 до 40 години, односно мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започување на земјоделска дејност“ со грант до 10.000 евра и мерката 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделското производство” со грант до 20.000 евра.
Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци, од кои 576 млади добиле грант до 10.000 евра, а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра. Овие факти говорат дека како министерство креираме мерки што докажано даваат резутати.
Уште во 2019 година, како министерство предвидовме измени во Законот за земјоделско земјиште, измени преку кој овозможивме младите земјоделци да добијат земја под закуп, при тоа ослободувајќи ги да не плаќаат закупнина во првите три години.