Јавни Огласи


Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 178/21 и 91/23), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.03/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.233/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН   ОГЛАС бр.03/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.


Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант

Држава: Република Северна Македонија

Агенција за имплементација: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија

Проект: Проект за модернизација на земјоделството

Заем бр.: 9037 - МК

Датум: 13 декември 2023 година


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.


Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите  на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 68 став 4 од Законот за надворешни работи („Службен   весник на Република Македонија“ бр. 46/06, 107/08, 26/13, 39/14, 61/15 и 226/15), а во врска со 78 седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на ден 05.09.2022 година со кое се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во буџетот за 2023 година да предвиди средства за упатување на еден преставник во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, објавува ИНТЕРЕН КОНКУРС за упатување на  работно место Советник во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел. 


Врз основа на член 22-б став (1) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13, 37/13, 61/15, 97/15, 215/15 и 51/18), Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН ПОВИК БР.01/23 за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор. 



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици