Новости


Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство  Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев беа во посета на откупните пунктови на праски во Росоман.

Овој регион важи за најголем производител на праски  во нашата држава. Во моментов во тек е откупот на росоманските праски кои оваа година, благодарение на поволните климатски услови, постигнаа висок квалитет. Тоа придонесе росоманските праски оваа година да достигнат повисока откупна цена и се откупуваат за 28-30 денари по килограм.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ги потпиша првите договори со Центрите за развој на планските региони,  за Јавниот повик преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции. Преку оваа Програма се доделува финансиска поддршка за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој.


Со помош на новата метода со авионско засејување на облаците, во текот на вчерашниот ден, повторно беше спречена појава на град во повеќе региони во државата. Управата за хидрометеоролошки работи активно ја пратеше  облачностa и движењето на градоносните облаци, преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште и на загрозените подрачја интервенираше со авионско засејување на облаците. Со брзата и прецизна интервенција, во повеќе региони е спречена  појава на град и заштитено е земјоделското производство.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија  Сашо Поцков, беа на локацијата кадешто во моментов интензивно се гради браната Конско. 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и шефот на делегацијата на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар денес присуствуваа на отпочнување на работите на системот за наводнување Славишко поле, општина Ранковце.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици