Соопштенија


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во просториите на министерството одржа средба со млади земјоделци, од сите региони во државава и од сите сектори.

На средбата беа презентирани резултатите од досегашните политики за поддршка на младите во секторот како и за новите можности кои им ги нудиме преку нашите мерки и програми како и ИПАРД програмата.

Министерот презентираше факти и бројки кои потврдуваат дека сме вистински насочени кон креирање на услови кои реално ги поддржуваат младите.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари средба и посака добредојде на новиот амбасадор на Република Словенија, Грегор Прескер.

Словенија е наш безрезервен, искрен поддржувач на патот кон ЕУ, ја продлабочуваме и продолжуваме соработката со Словенија во областа на земјоделството.

Токму од Словенија црпиме искуства за поддршка на младите земјоделци, развојот на задругите, и спроведување на зелената агенда. 


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави повикот за млад земјоделец од Прогеамата за рурален развој. Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност до 600.000,00 денари финансиска поддршка од прифатливите трошоци по поединечен корисник.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој Трајан Димковски,  ја посетија компанијата Соро Промет.

Компанијата Соро Промет се занимава со откуп на жито и производство на сточна храна и успешно работи од 1992 година . Тие се уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример, имаат аплицирано преку ИПАРД 2 програмата и добиено средства за покривање на трошоци за набавка на фотоволтаична централа на постоечки објекти, менување на кровна покривна конструкција, набавка на машина-вилушкар за манипулација (утовар-истовар на производи) Телехендлер Manitou MLT X 1035 LT LSU, како и средства  за изработка на Деловен План и Консултантски услуги.

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска учествуваше на Третата годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии, на тема европска интеграција и економски просперитет „Европа - Да, Европа - Сега“.

Министерот Николовски беше говорник на третиот панел „Геополитика, креирање политики и финансии“.

Во своето обраќање министерот Николовски даде свое видување во врска со динамиката на моќта и регионалните иницијативи кои ги обликуваат политиките и регулативите што ги спроведуваат владите. Во овој контекст, дипломатијата е од суштинско значење за одржување на единството и промовирање на заеднички цели и вредности, преку решавање на политички, економски и правни прашања за да се обезбеди непречена интеграција на новите земји-членки на ЕУ, олеснување на координацијата на политиките меѓу земјите-членки и земјите кандидати и зачувување на мирот во Европската континент.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици