Јавни Огласи


Врз основа на член 67 став (3), а во согласност со Глава VII јавни овластувања од Законот за здравјето на растенијата  („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа обjавува: ЈАВЕН КОНКУРС за давање на јавно овластување за вршење на задачи од областа на здравјето на растенијата. 


Согласно член 89 став 6 од Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23) и член 4 од Правилникот за поблиски услови за запишување во евиденцијата на Локална акциона група, постапката за упис, потребната документација и начинот на водење на документацијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 168/23), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/23 за запишување во евиденција на Локалната акциона група (ЛАГ).


Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 178/21 и 91/23), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.


Нарачател: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)

Проект: Проект за модернизација на земјоделството

Наслов на Договорот: Набавка на неконсултантски услуги за подобрување на квалитетот на податоците за земјоделско земјиште во државна сопственост - поделба на парцели во сосопственост

Држава: Република Северна Македонија

Заем бр.: 9037-MK

БПП бр.: AMP-TS-БПП-C2.2-1

Oбјавено на: 21.09.2023 година


Објавен е првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за доставување на барање за користење на средства по мерка1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра. 

Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик. Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици