Новости


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваа на поставување на камен темелник на пречистителна станица за вода за пиење.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, извршија увид во теренските активности на неколку локации на територија на Општина Кочани.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, одржа прес-конференција, на којашто беше презентиран третиот столб од новиот пакет економски мерки, а којшто е наменет за поддршка на земјоделството. Министерот Димковски, посочи дека по завршување на здравствената криза, треба да продолжи развојот на земјоделството, да се искористат сите потенцијали, кои ќе овозможат заживување на секторот после кризата, поголемо производство на земјоделско-прехранбени производи, продолжување на инвестициите.


Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, со што започнува и реализацијата на заштитата од временски непогоди (град) со авионско засејување на облаците.

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, на спортскиот аеродром Стенковец, присуствуваа на   првиот пробен лет на авионите коишто ќе вршат засејување на облаците.


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Неготино Тони Делков извршија увид на активностите поврзани со изградба на системот за наводнување „Дисанско поле“.

 



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици