Еден од најзначајните сектори, за мене и министерството, е токму секторот лозарство и винарство. Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски гостувајќи вечерва во Тема на денот на Сител телевизија.
„Она што можам да го најавам е дека 200 милиони денари ставаме на располагање за поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за прозиведено трпезно грозје и тоа по најмалку 12.000 денари по хектар. Ова е мерката што како предлог ја доставив до подсекторската група за вино и грозје“, истакна министерот Николовски.