Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Виена, на покана од министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ, во рамки на Иницијативата Отоврен Балкан ги презентираше нашите македонски вина пред реномирани новинари, познавачи на виното, бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија. Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотер на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино.