Соопштенија


Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности кој ги нуди оваа програма.

Информатвните презентации ги спроведуваат претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната Агенција, детално објаснувајќи ги новостите од ИПАРД 3 програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 за мерките 1 и 7.

Дополнително сите заинтересирани корисници или група на граѓани кои пројавуваат интерес за одржување на инфо средба каде би биле запознаени со новата ИПАРД 3 програма, можат по електронски пат да закажат средба на меил адресата info@ipard.gov.mkили телефонски преку секторот за ИПАРД при МЗШВ https://rb.gy/0rbab

Во прилог распоредот на информативната кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО


ИПАРД 3 нуди нови можности за македонското земјоделство. Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авасната исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра однапред. Ова ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска учествуваше во процесот на берба на грозје во неготинско, во месноста Лепово, на лозовите насади од винаријата Бовин. При тоа оствари средба со лозари и ја посети винаријата Бовин које е корисник на средства од ИПАРД програмата.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета сум на уште еден успешен ИПАРД корисник, компанијата ВАРДАР АД Градско, која се занимава со производство и промет со земјоделски и сточарски производи.

Преку ИПАРД 2 програмата компанијата ВАРДАР АД Градско има набавено 10 моторни пумпи, 10 тифони за наводнување и црева за поливна опрема од 4000м, 3 приколки за транспорт, како и една цистерна за транспорт на течно и полутечно гориво, реализирајќи ИПАРД инвестција во вредност од 39,9 милиони денари.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, беше домаќин на работниот состанок кој заедно со минстерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставниците на We effect и Националната федерација на фармери, се одржа во министерството.

Меѓусебната соработка изминатиов период беше исклучително плоден. Заедно постигнавме големи резултати во насока на поддршка и унапредување на стаусот на жената земјоделка. Резултатите од успешната меѓусебна соработка е креирањето на трите многу значајни проекти, како мерката за поддршка на рурална жена, потоа донесувањето на програмата за мајчинство и програмата за откуп на свежо овошје и зеленчук, со која се обезбедува здрав оброк за дечињата во детските градинки.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици