Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја донесе Националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033.
Десет годишната стратегија е подготвена заедно и во соработка со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите.
Активностите за изготвување на овој стратешки документ отпочнаа уште во 2019 година, изготвувајќи екпертско истражување за состојбите со лозарството и винарството. Потоа продолжија со формирање на работна група составена од претставници на сите засегнати страни, кои треба да дадат придонес во изготвувањето на овој значаен документ, која пак работна група на низа работилници и дополнителни истражувања и анализи го изготви финалниот документ, кој беше јавно достапен за расправа.