Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ја посетија малата семејна винарија Арабеска во село Сопот, општина Кавадарци.
Винаријата Арабеска е успешна мала семејна винарија во сопственост на семејството Стојчеви и добитник на грант поддршката за мали семејни винарии до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку овој грант малата семејна винарија Арабеска има набавено ладилник за ладење на виното, осум INOX резервоари од 600 литри, машина за полнење и преса, а дел од средствата ги има искористено за ангажирање на стручно лице енолог.