Денеска е објавен нов Јавен повик за мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД III програмата.
Вкупниот буџет на Јавниот повик изнесува 7.415.335 евра.
Сите апликанти може да побараат неповратен грант во максимален износ до 750.000 евра. Грантот ќе покрие до 75% од прифатливите трошоци за инвестиции во сопствено земјоделско производство, преработка и директен маркетинг на земјоделски производи.