Новости


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски беа во посета на локацијата кадешто започнува изградбата на велосипедската и пешачката патека до Моклиште, во општина Кавадарци. За овој проект, општината, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе добие финансиска поддршка од над 14,6 милиони денари. Дел од оваа велосипедска патека ќе се гради и преку проектот од Центарот за развој на Вардарски регион. Со двата проекта ќе се изгради велосипедска патека во должина од 4.000 метри.


Уредувањето на земјоделските пазари е основа за зголемување на пазарните можности, економскиот развој, како и севкупната продуктивност во земјоделскиот сектор, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на денешната работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија.


Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски, денеска ги посетија локациите кадешто оваа општина ги реализира  капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.


Владата на Република Северна Македонија  донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.


Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина  Новаци, Љубе Кузмановски, денеска ги посетија локациите кадешто се оваа општина ги реализира  капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици