Соопштенија


За првите 10 месеци од годинава има одредени сегменти каде бележиме раст како држава и во делот на извозот на храна има зголемување за 11 проценти, кај пијалоците за 4,5, а во делот на тутунот и тутунските производи за 15 проценти. Во вкупна бројка за 10 месеци имаме извоз од околу 670 милиони евра, појасни Трипуновски, кој оцени дека, е добар сигнал и почнуваат да се гледаат показателите дека Владата добро работи во овие шест месеци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата на клубот на извозници во Стопанска Комора.


„Ние изминативе 6 месеци санираме наследени ситуации, конкретно субвенциите. Со нашето доаѓање имаме над 4 милијарди денари заостанати обврски кои што ги исплаќаме од претходните години. Со ребалансот на Буџетот, со пренамена во програмата, со интервентен фонд итн. исплаќаме нешто што е заостанато“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Каде се парите“.


Извршени се директни плаќања во износ од  32.732.971,00 денари за производен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат производен и продаден семенски материјал во 2023 година или користен за сопствени потреби согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе.


„По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400-тини денари. Имаме  покачување од 375 денари на 400 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.


„Денеска заедно со премиерот Мицкоски, дел од пратениците, директорот на „Национални шуми“ сме во Нов Истевник во близина на Делчево, каде што се вклучивме во акцијата за пошумување. Оваа активност всушност е во рамки на Програмата за проширена репродукција на шумите. Во Делчево се пошумуваат последните 51 хектар, а целата Програма опфаќа пошумување на 214 хектари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици