Денеска во Министерството за финансии беа потпишани договори во вредност од 107,6 милиони евра со КфВ банката, од кои 7,6 милиони евра грант средства, ќе се финансира Програмата за наводнување на Северна Македонија, како и проектот за енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови. Министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерот за образование и наука Арбер Адеми, го потпишаа договорот со директорите за општинска инфраструктура и за енергија и транспорт во КфВ банката - Кирк Милднер и Пабло Обрадор.