Соопштенија


„Денеска сум во посета на прилепскиот регион, во Тутунскиот комбинат за да направиме увид во текот на откупот на тутун за реколта 2024 година. Иако последниот законски рок од 15-ти декември се уште не е на прагот, меѓутоа гледаме дека делот од тутунарите го имаат предадено својот род“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп.


„Вработените во ЈП „Национални шуми“ имаат пред се редовни примања. Продукцијата на јавното претпријатие на кое што сржта на основата е да продуцира дрвна маса, да има за нашите сограѓани итн. веќе се зголемува. Се работи на одредена реорганизација внатре за да се зголеми продуктивноста“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

 


„Изминатиот период за жал многу повеќе се зборуваше, а многу малку се реализираше околу субвенциите. Нашето предизборно ветување и наша обврска е редовна исплата на субвенциите кон земјоделците“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици