Новости


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за формулирање на стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна во Република Северна Македонија. 


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на затворањето на двегодишниот проект на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО за подобрување на продуктивноста на земјоделското производство, отпорноста кон климатските промени, како и креирање на информирани земјоделски политики.


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со надлежните тела за фитосанитарна политика на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, отпочна активности за спроведување на проектот “Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” кој се реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. 


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев, присуствуваше на промоцијата на  реализација на проектите за капитални инвестиции преку мерките наменети за општините од Програмата за руралниот развој.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со претседателот на комората Бранко Азески, претставниците од бизнис секторот и земјоделските здруженија, учествуваше на трибината во организација на Стопанската комора на Македонија, на тема „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици