Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека денес Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска одржаа брифинг со новинарите. 

На брифингот министерот Николовски и директорот Бачовски пред новинарите ги презентираа резултатите од досегашната реализација на ИПАРД 2 програмата.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со директорката на Институтот за тутун во Прилеп проф. д-р Валентина Пеливаноска го потпиша договорот за финансиска поддршка на Институтот за тутун во Прилеп за набавка на систем за наводување капка по капка.


Почитувани,
Владината делегација предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, оддаде почит и положи  свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во Македониумот на Гумење - Крушево.


Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски и заменик министераката Вјолца Бериша, ги доделија договорите за финансиска поддршка за мали дестилерии од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци.

Малите дестилерии за прв пат во историјата добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на производството.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици