Денеска и официјално започна откупот на тутун од реколтата 2019-та. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, денеска беа во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп и на откупните пунктови на компаниите што вршат откуп на тутун во прилепскиот регион.