Соопштенија


Денес е пуштена водата низ цевководот Макарија. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Направено е комплетно оспособување на цевководот, извршени се сите градежни работи кои беа неопходни за непречено користење и истиот повторно е ставен во функција. 

По настанатото  оштетување на цевководот Макарија, сите служби беа ставени на највисоко ниво на подготвеност за изнаоѓање на решение за спас на сезоната за наводнување. Преку координација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија веднаш се пристапи кон изнаоѓање на техничко решение за надминување на проблемот. Беше ангажирана експертската јавност преку професори од Градежниот факултет Скопје и беа направени соодветните измени на програмите за обезбедување на финансиски средства. Во ургентен рок, согласно законските процедури беше избран изведувач и започнаа активностите на санирање. 


Земјоделската сезона се одвива интензивно, досега за 2023 година бележиме одлични приноси од сите стасани производи на полињата на територија на целата држава. Оваа сезона надминавме бројни предизвици и проблеми, експресно и навремено ја реализиравме институционалната поддршка за земјоделците и секогаш остануваме да бидеме потпората за квалитетното земјоделско производство. Политиките и мерките кои ги превземаме се секогаш во партнерство со земјоделците, а во насока на постигнување на целта која заеднички ја споделуваме.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никоовски денеска во рамки на работната посета на Словенија потпиша договор за ангажирање на консултантска фирма, која ќе го дефинира дизајнот и ќе го креира на привремен попис на земјоделско земјиште и пасишта во државна сопственост.

На овој начин ја ја иницираме првата од низата предвидени активности во рамките на Проектот за модернизација на земјоделството, преку кој ќе воспоставиме нов информациски систем за управување со земјоделското земјиште (хардвер и софтвер). Вкупната вредност на овој договор е 162.790 евра и ќе се спроведува во период од 9 месеци.


Во рамки на работната посета на Република Словенија, министерот Љупчо Николовски заедно со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Словенија, Ирена Шинко придружувани од претставници на словенската младинска асоцијација, ги посетија фармите Кастелич во селото Мали Врх и фармата Брајер во општина Севница.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски работната посета на Република Словенија ја започна со билатерална средба со министерката за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Ирена Шинко.

На конструктивната и пријателска средба двајцата министри разговараа за продолжување на меѓусебната соработка и поддршка, помеѓу двете министерства, во делот за развој на агросекторот, со посебен акцент на вклученоста и мотивираноста за младите во земјоделството, но и развој на задругите како силен фактор во развој на земјоделството.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици