„Земјоделците изминатиов период ја изгубија довербата во институциите. Тие беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат. Едноставно немаше некој како министер за земјоделство, како Влада кој ќе креираше стратегија и ќе ги штитеше интересите на земјоделците. За потсетување земјоделците беа оставени во канџите на трговците, каде што тие го собираа кајмакот, а земјоделците работеа за под производни цени“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во утринската емисија на радио „Лидер“.