Соопштенија


Почитувани, 

Ве информираме дека од 27 до 28 јули 2023 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на МЗШВ, ќе биде во работна посета на Република Словенија.

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов и  директорот на АД „Водостопанство на РСМ” – Скопје, Локман Љимани денеска извршија увид во завршните активности за санација на хаваријата на цевководот Макарија.

Овој викенд низ цевките ќе потече вода, системот е саниран во најбрз можен рок. Благодарение на брзата реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за само месец и половина е санирана најголемата хаварија во водостопанската инфраструктура досега.


Посветени сме на инвестирање во водостопанската инфраструктура во интерес на земјоделците и нивното производство.
Денес, согласно Програмата за водостопанство го потпишуваме договорот за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле при што ќе биде направена целосна модернизација на машинскиот и електричниот дел и ќе се инсталира SCADA систем. Вредноста на проектот е 123.132.646,00 денари.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  денеска, во ловниот дом во Свети Николе ги додели новите 65 договори за користење на дивечот во ловиштата. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како застапник на Концедентот, Владата на Република Северна Македонија низ годиниве наназад изгради партнерски однос кон концесионерите на ловиштата и одговорно ги следи процесите и проблемите кои се случуваат со дивечот и ловиштата, како и со ловството во целина.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во рамки на проектот „Здрав оброк за секое дете“, беа во посета на детската градинка „Орце Николов“ во општина Карпош. Министерот Николовски и директорот Бачовски на дечињата им доделија пакетчиња со еден килограм здрава ужинка, домашни македонски праски, а заедно со дечињата учествуваа во работилниците за здрава храна приготвувајќи здрави оброци.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици