Новости


Денеска во рамките на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“, се одржа работилница на која присуствуваа  претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски како и многу земјоделци, откупувачи, преработувачи и дистрибутери.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска го објави вториот инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари. Со овој оглас на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во Свети Николе, Велес, Струмица, Куманово, Неготино, Битола, Кочани, Кисела Вода, Пробиштип, Берово, Штип, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка.


Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати субвенциите за предадено млеко и за оризова арпа во вредност од вкупно 195 милиони денари. 


Денеска, експертите од Светска банка ги презентираа наодите од спроведената функционална анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оваа анализа ги детектира главните проблеми во организацијата и функционирањето на министерството, коишто влијаат на ефикасното функционирање на секторите.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на отворањето на јубилејната манифестација “Валандовска ракијада “, која денеска слави 20 години. Оваа манифестација го симболизира завршувањето на гроздоберот и претставува можност за презентирање и на другите домашни производи од грозје.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици