Соопштенија


Со модернизација на механизацијата земјоделството во Македонија може да напредува. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој им излегува во пресрет на земјоделците да ја обноват својата механизација.

 


„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Миле Маркоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна во износ од 12.000.000 денари.

 


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари.  Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.


„За жал Македонија минатата година има потрошено над една милијарда евра за храна. Она што ние го правиме како стратегија е првин да ја вратиме довербата на земјоделците кон институциите затоа што тоа е клучниот момент зошто се намалува нашето производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство, и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Дневникот на МРТ1.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици