Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашната емисија „Трилинг“ на ТВ 24 истакна дека неговата обврска како министер е да го заштити земјоделецот во Македонија. Само преку разни мерки и програми истиот земјоделец ќе биде заштитен.

 

„За мене како министер па и за целата Влада успех ќе биде и работиме на тоа да земјоделецот се кажува со епитет. Покрај повозрасните, тука сакам да ги убедиме и помладите генерации да се занимаваат со оваа благородна професија. Производството на храна е многу важно во наредниот период“, појасни тој.


„Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Новаци.

 


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и UN Women потпишаа Меморандум за разбирање за продолжување на тековното партнерство и зајакнување на жените во руралните средини и земјоделскиот сектор. Оваа соработка означува значителен напредок во политиките и програмите, осигурувајќи се дека жените во овие области ја добиваат потребната поддршка за да напредуваат.

 

Меморандумот за разбирање воспоставува рамка за соработка, при што двата партнери тесно ќе соработуваат за да го подобрат вклучувањето на еднаквите можности во главните политики, да го олеснат градењето капацитети и да го подобрат собирањето податоци во рамките на делокругот на Министерството. Овие напори се усогласуваат со релевантни закони и националните стратегии.

 


Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители.

 

Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството со претставниците од Научниот институт за тутун – Прилеп потпиша договор за користење на финансиска поддршка за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун во износ од 25.500.000 денари.

 

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун, вклучително и изработка и ревизија на основен проект за инсталирање на оранжерија кои не смеат да учествуваат повеќе од 10% од вредноста на инвестицијата, во висина не повеќе од 25.500.000 денари со вклучен ДДВ од кој максималната вредност за изработка на основен проект е до 2.550.000 денари со вклучен ДДВ.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици