Јавни Огласи


Согласно Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.36/22), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година.


Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 30/22), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен повик за прибирање на барањa за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година 


Започнува ИПА Твининг проект- Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните служби за заштита на растенијата. За потребите на истиот се објавува оглас за помошен персонал: технички помошник и асистент за превод на постојниот твининг советник.


Со цел успешна имплементација на Проектот за модернизација на земјоделството, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има потреба од ангажирање на индивидуален локален консултант за следната  краткорочна позиција – Проектен координатор


Постапката по Јавниот повик бр.03/21 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, објавен во дневните весници на ден 04.08.2021 година и рокот за носење на одлука за најповолен понудувач определен во член 28 став 1 од Законот за земјоделското земјиште СЕ ПРЕКИНУВА.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици