Новости


Заменик-министерот, Фљакрон Беџети, учествуваше на конференцијата „Одгледување на недрвни шумски производи и поддршка за развој на туризмот заснован на природа во Шарскиот регион“ организирана од здружението Ренесанса. Конференцијата се одржа во рамките на проектот „Заштита на животната средина и промоција на планинскиот туризам,“ финансиран од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.


Денеска во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува полагање на ловечки испит на кое што полагаат кандидати од Скопје и околината, но исто така се повикани и сите кои што доставиле барање за полагање во меѓувреме, и оние кои не положиле во изминативе сесии.


Во просториите на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ денеска се одржа втората јавна расправа за одржлива употреба на производи за заштита на растенија. Целта на оваа јавна расправа беше да се вклучат земјоделците како целна група, но исто така во јавната расправа учествуваа државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева, директорот на Фитосанитарна управа, Игор Чоневски и Деканот на Факултетот, проф. д-р Никола Николов.


Денеска се изврши последната акција на пошумување на опожарената површина на Кокино, општина Нагоричане, каде што во изминатите недели се пошумени над 51 хектар и засадени се повеќе од 100.000 садници.


Заменик министерот Фљакрон Беџети учествува на конференцијата на високо ниво „BIOEAST and Beyond,“ која се одржува од 4 до 6 декември 2024 година во Будимпешта, Унгарија. Овој значаен настан, е организиран од Унгарското претседателство со Советот на Европската Унија и Министерството за земјоделство на Унгарија, и се фокусира на истражувачките и иновативните приоритети, при што се разгледуваат клучни прашања поврзани со безбедноста на системот на храна и биоекономијата на земјоделството.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици