Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димовски и раководителот на секторот за рурален развој Гоце Георгиевски, остварија работна средба со деканот на факултетот за Ветеринарна медицина, Тони Довенски.

Министерството заедно со факултетот за Ветеринарна медицина започнуваат со реализација на нов проект за развој на домашното сточарство. Идеја на која се работи од 2017 година, а денес станува реалност.

Преку Програмата за рурален развој, каде што се издвоени 14 милиони денари, ги започнуваме инвестициите, за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави, преку употреба на сексирано семе и ембрио- трансферот.

Инвестицијата во центар за ембрио трансфер е основен столб за развој на сточарството. Со воспоставувањето на оваа пракса, ќе се зголеми генетскиот потенцијал на кравите, а фармерите ќе имаат сигурност дека стелните јуници ќе бидат оплодени со женски телиња до 95% од случаите.

Како министерство поддршката кон научните институции ја продолжуваме. Со овие средства, кои ги обезбедивме, го спојуваме знаењето со модерната технологија, за брз почеток на градење на домашна високо педигрирана генетика во говедарството.


Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ги додели 133 договори, со вкупна вредност од над 1.2 милиони евра, поддршка во набавка на опрема за производство на малите производители на храна од неживотинско потекло.

Преку овие договори се поддржува развојот и модернизацијата на најразлични традиционални производства. Опрема за производство на маџун, разни слатка и мармалад, ладно цедено масло од сончоглед, производство на јаболков оцет, путер од бадем, ајвар, сокови од калинка, јаболка, рибизла, потоа набавка на соларни сушари и машини за пакување и млин за производство на брашно, се само дел од инвестициите за кои се дава поддршка.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги инфомира земјоделците, производители на пченица и јачмен дека во тек е аплицирањето за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.

Финансиската поддршка за мерката - Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година, можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година го имаат складирано кај регистриран складиштар.

Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на рачно пополнер образец.

Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен. Крајниот рок за поднесување на брањето за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно рпоизводство од род 2023 година е до 15 декември 2023 година.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат  земјоделците производители на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје, дека во тек е поднесувањето на барања за дополнителни директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за следните подмерки:

  • „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
  • „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
  • „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици