Со симболично откинување на првото јаболко, денеска во Ресен, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, го означија почетокот на годинешната берба на јаболка.