Соопштенија


„Она што го наследивме со самото влегување во Владата, во Министерството за земјоделство, е еден тотален хаос, наидовме на едно девастирано министерство, закочени проекти, неисплатени субвенции, уништено водостопанство, неподелени плати за вработените во ЈП Македонски шуми и во АД Водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.


Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци.

За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие.

Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.


Очајноста на СДСМ се гледа во самото гостување на Љупчо Николовски.

 

Николовски и СДСМ се чума во македонското земјоделство, кои што се покосија и опустошија.

 

Да беше се така убаво како што тој се фали во земјоделството, немаше земјоделските производи да завршуваат на буниште, немаше да има неисплатени субвенции, заостанати плати во АД Водостопанство и ЈП Национални шуми.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.

 

„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.


Почитувани,

Ми преставува особена чест и огромно задоволство што сум денес домаќин на еден ваков настан како што е 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици