Врз основа на Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21), Комисијата за полагање на испити од областа на рибарството, формирана од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира испитна сесија за полагање на испит за стопански риболов и за рибочувар.
Испитот за стопански риболов и за рибочувар ќе се одржи на 18. 08.2021 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на ул. “Аминта Трети” бр.2 Скопје.