Новости


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постојано е во комуникација со лозарите, секогаш е во тек и активно ги решава сите нивни проблеми.


Целта на проектот е  по завршувањето околу 2000 хектари да бидат обезбедени со наводнување. Досега, за три месеци,  се изградени околу 7000 метри од поставената планирана мрежа. 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска ја посетија винарницата „Мовино“, во Росоман, којашто е корисник на мерките од ИПАРД 2 програмата.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на презентација на новиот проект на Организацијата за земјоделство и храна (ФАО), „Интегриран рурален развој и подобрување на условите за живот во руралните средини“. Проектот е во вредност 275 илјади долари и ќе започне да се реализира во текот на оваа недела.



Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше на работен состанок со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски. На состанокот министерот Димковски и градоначалникот Бочварски, разговараа за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици