Соопштенија


„Денеска имавме втора средба во рок во овие 10 дена, каде што разговаравме за пласманот на јаболкото од реколта 2024 година. Заедно со откупувачите се договорија минималните цени кои што ќе бидат за стартот на откупот на јаболкото од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по средбата со откупувачите на јаболка во Ресен.

 

„Цените откупувачите ги соопштија и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам према земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле“, заклучи министерот.


По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена на 15.07.2024 година со арх. број 49-6233/2, согласно со член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл. Весник бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16, 39/16 и 274/22).


Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со директорот на агенцијата Илија Стоилев доделија договори од ИПАРД III програмата за 2021-2027.

 

Договорите се однесуваат на мерката 1 –Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства  и мерката 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси.


Денеска во општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од медиумите беше запрашан за најавените 1 милијарда денари субвенции на што точно ќе се однесуваат.

 

„Тие средства кои што ги обезбедивме со ребалансот ќе бидат наменети за сите категории на земјоделски производители кои што се со соодветни апликации во Министерството. Тука се опфатени сите сточари, овоштари, лозаропроизводители и градинари“, истакна Трипуновски.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО.

 

Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици