Соопштенија


Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Обуката и полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи во месец октомври 2024 година во зависност од пријавените кандидати во Научен Институт за тутун-Прилеп.

 

Лицата кои имаат добиено лиценца за процена на тутун до 2016 година, а не посетиле обука може да се пријават за обука во Научниот Институт за тутун-Прилеп до 10 октомври 2024 година.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун дополнително ќе бидат известени за денот на посетување на обуката и денот за полагање на испитот, како и за трошоците за обука и трошоците за полагање на испитот.

 

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на небеобработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи: 

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат

  -диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

  -документ за завршено образование и потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

   *високо образование со две години работен стаж,

   *вишо образование со три години работен стаж,

   *средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун најмалку пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование. 

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование (4 години).

 

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 30.09.2024 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул. "Ленинова" бр.2, 1000 Скопје.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен.

На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.


„Она што сме го имале како индиции во минатото, сега од внатре од позиција на Министерството, од Влада, ги проверуваме и се потврдува како сериозен криминал. Овие два субјекти за кои што ја информирав јавноста морам да потенцирам дека се поткрепени со сите докази, и се процесуирани до Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Финансиска полиција“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при денешното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

 


Почитувани медиуми,

 

Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Љупчо Николовски како тогашен министер.

 

Народот покрај тоа што виде како работеше Николовски, денеска ќе има и прилика да слушне што се случувало во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатите 7 години и како одредени правни лица надвор од сите процедури и прописи земале државни пари.


Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.

При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици