Соопштенија


Денеска од подрачната единица при МЗШВ во Струмица, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев најавија дека ќе се продолжи со отворање на подрачни единици во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

„Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред“, појасни Трипуновски.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ја посетија подрачната единица при МЗШВ во Струмица, каде што од денес се поделени преку 4.500 картици за зелена нафта.


„Денеска сме овдека во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, од денес почна да се делат картиците за зелена нафта. Министерството одвои 493 милиони денари, со овие пари ќе бидат покриени трошоците за зелена нафта на 46.000 земјоделци“, истакна Трипуновски.


Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.

 

За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

 


„Денеска заедно со Директорот на АД Водостопанство сме во посета на пумпната станица Таор. Оваа станица ги покрива општините Петровец, Илинден и Гази Баба, каде што се зафаќаат води од околу 6.600 хектари преку 150 километри отворена каналска мрежа“, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посета на пумпната станица во Таор заедно со Директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски. 

 

Министерот посочи дека при посетата може да се увиди дека пумпната станица е во катастрофална состојба. Изминативе години не се инвестирало во модернизација и одржување на станицата. Поради неодржување на пумпната станица во Таор имало сериозен ризик од загрозување на тој дел од скопската котлина.


Наследивме една колабирана состојба во Национални шуми. Вкупниот долг кој што го наследивме е околу 10 милиони евра, меѓу кои и неисплатени плати на вработените, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство о водостопанство во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител.

Трипуновски посочи дека Владата обезбедила 250 милиони денари за исплата на заостанатите плати во Национални шуми, кои веќе ќе легнат на сметките на вработените.

Она кое што го направивме на една од владините седници, со ребаланс на Буџетот обезбедивме 250 милиони денари кои што веќе се легнати на сметката на Национални шуми, и веќе платите се пуштени до вработените, за да се стави во функција јавното претпријатие, рече Трипуновски.

На прашањето зошто има помалку лица вработени како сечачи во однос на административци, министерот Трипуновски потенцираше дека Национални шуми има над 1800 вработени, но претходната власт во предизборието вработувала партиски кадри кои немале додадена вредност, само направиле дополнително преоптоварување на буџетот на јавното претпријатие.

Јавното претпријатие брои над 1800 вработени. Претходната власт во предизборите вработи повеќе партиски лица кои што немаат додадена вредност, само го обремени по буџет јавното претпријатие и е тотално нефункционално, истакна тој и додаде:

Процентот на сеча е многу мал затоа што повеќе се делеле пари за да се вработат партиски кадри, отколку да се работи.

Трипуновски нагласи дека новиот менаџераки тим во Национални шуми има насока да го истражи сиот криминал од претходното раководство.

Новиот менаџерски тим во Национални шми има насока најпрво да го истражи целиот криминал кој што е направен и зошто е доведено јавното претпријатие во една ваква катастрофална состојба, дециден е Трипуновски.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици