Соопштенија


Во рамките на теренската кампања низ целата држава, со цел земјоделците да ги информираме директно од терен за сите нови мерки и програми, да им ги објасниме чекорите како успешно да аплицираат на јавните повици и да им одговориме на сите прашања, денеска карванот го посети регионот на Свети Николе и Лозово. Остварени беа и средби со земјоделци од селата Ерџелија,  Милино и Мустафино


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потпиша 17 решенија на прозиводители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

Со заштитата на географскиот назив „Преспанско јаболко“, истиот се заштитува од имитација, злоупотреба и  лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод,. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можт да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ од Преспанскиот регон со загарантиран квалитет.


Во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна, вчера во Скопје се одржа централен настан со големо присуство на претставници на земјоделски здруженија и мали производители.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

„Целта на кампањата е преку активни директни средби со малите производители, да им се презентираат придобивките од Програмата и да се мотивираат да аплицираат во што поголем број. Кампањата веќе тече низ целата држава, активно се вклучени тимови од МЗШВ, АФПРРЗ, АПРЗ и АХВ. За поголема информираност, во партнерство со Швајцарската програма ИМЕ, изработено е и кратко видео со опис на сите чекори кои треба да ги преземат производителите со цел да се евидентираат во АХВ како оператори со храна и како да аплицираат на јавните повици за финансиска поддршка кои веќе се во тек“ изјави министерот Николовски.

Основната информација која ќе им го отвори патот на сите заинтересирани е дека за да учествуваат на повикот треба да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, во Агенцијата за храна и ветерина.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира одгледувачите на бројлери и несилки дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР, денес изврши исплата на 80,6 милиони денари кон 35 баратели, директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.

Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на веб страната го објави јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми. Повикот е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици