Новости


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николчо Бабовски денеска во село Кравари, Битолско ги доделија првите персонализирани платежни картички за набавка исклучиво на ,,Еуродизел” гориво за земјоделска механизација, со кои државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво,  со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска со карванот Мој ДДВ ја промовираа оваа мерка во Гевегелија. Со мерката Мој ДДВ којашто за прв ја воведува оваа Влада, граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15% од платениот ДДВ.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок со претставници од винарските визби.Оваа средба е дел од континунираните состаноци пред почетокот на бербата на винско и трпезно грозје, а целта е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.