Соопштенија


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците и одгледувачите на сливи од Делчевскиот регион.

На средбата се говореше за годишниот род и квалитет на сливите, како и за актуелните теми и проблеми со кои што се соочуваат.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во исплатен износ 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник.


„Бев дециден во текот на вчерашниот состанок со винарските визби, ова е изработено согласно Закон и никој не треба да го крши истиот. Треба да се почитува договорена цена и тука мислам дека беше обострано констатирана оваа ситуација дека нема да има отстапки“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево.

На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици