Соопштенија


„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите заинтересирани субјекти дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.


Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци.

Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.


Денес се одржа настанот „Храна од општините” под мотото „Од нива до трпеза – се од нашата општина”, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се залага за модернизација на земјоделското производство со што ќе се подобри на продуктивноста и конкурентноста на земјоделските стопанства.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици