Соопштенија


Почитувани,

Согласно програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, во делот за учество на саеми и саемски манифестации вон Република Северна Македонија, Ве повикуваме да доставите свои предлози.

1. Предлог на саеми;

2. Број на потенцијални учесници;

3. Количини / капацитети на производи кои може да се произведат и

4. Оправданост за учество на саемите:

За традиционалните саеми заради задржување на постојните пазари и

Нови потенцијални пазари.

Ве молиме Вашите предлози да ги доставите до 10.02.2023 година, до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи

Ул. Аминта трети бр. 2, 1000 Скопје.


Делегација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од министерот Љупчо Николовски, денеска учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023. 

Меѓународниот саем АГРО Белград претставува водечки сеам за производителте на овошје, зеленчук и вино во регионот. Саем каде се вмержуваат реномирани домашни, регионални и светски копании и купувачи создавајќи нови контакти меѓусебе.


Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, веднаш по започнувањето на економско-енергетската криза, самоиницијативно во месец јуни воведе план за штедење со сет мерки кои предвидуваа намалување на трошоите од работењето, како одговор на негативните влијанија од кризата која го зафати светот.

Мерките имаа за цел да направат промени во начинот на вршење на работата во нашата институција а беа дефинирани како: намалување на трошоците за електрична енергија, гориво и други режиски трошоци, намалување на потрошувачката на канцелариски материјал, трошоци за прекувремена работа како и патни и дневни расходи на ниво на одржлив минимум за нормално и редовно функционирање на работата на министерството.


Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и заменик директорот Ремзи Абдулахи.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството денес учествува на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин. 

На годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици