Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.
„Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ што ме прави посебно горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.