Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направи увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.


Согласно Одлуката на Влада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.


Прославуваме уште еден голем успех на нашите македонски винарии постигнат на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што се одржа оваа година во две држави Турција и Бугарија. Како држава докажавме дека имаме со што да се гордееме, дека винскиот сектор го поставивиме на вистинските патеки, а македонското вино го искачивме високо на светската винска карта.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Од 27.05.2024 година е дадено овластување на заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша која во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а истата измена уште на 27.05.2024 е побарана и веќе извршена и во Централниот регистар.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици