Соопштенија


Успехот постигнат со ИПАРД 2 програмата преку целосно искористување на средстваата, нас како држава не направи лидери во регионот и земја која денес своето исуство го споделува со други држави.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.


Како одговорно министерство кое секогаш води искрена грижа за секој еден земјдоелец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овој период, во постојана комуникација е со земјоделците и трговците на пролетната зелка, со цел правилно информирање и креирање на соодветни политики за одржливосто на земјоделското производство.

Високите пролетни температури, во еден дел, направија пореметување на пазарот и пласманот на пролетната зелка, што резултираше со негативно движење на пазарините цени, предизвикувајќи загуби на земјоделците.

МЗШВ сите овие изминати години, докажа дека води грижа за земјоделското производство и земјоделците. Никој земјоделец не бил оставен сам и заедно, со конкретни мерки, сме го надминувале секој проблем.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.


Земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната средба на земјоделците од општина Лозово.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици