Квалитетен и навремен пристап до вода за земјоделските површини, е клучна за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Денеска од селото Оризари, кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешниот увид во започнувањето на сезоната за наводнување на земјоделските површини.