Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на веб страната го објави јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми. Повикот е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат.


Денеска, во Кривогаштани се одржа настан на кој беше промовирана Програмата за поддршка за социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за мали производители.

Настанот беше органзизиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика,  Општина Кривогаштани и Националната федерација на фармери. Освен министрите Николовски и Тренчевска и градоначалникот Николче Мискоски и претставниците на НФФ, на настанот присуствуваа и повеќе рурални жени, на кои детално им беа презентирани двете нови програми кои ги подготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програмата за мајчинство и Програмата за мали производители.


Врз основа на член 58 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр.26/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21 и 283/21), Стручната комисија за полагање на ловечки испит, формирана од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира испитна сесија за полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи на 11 март 2023 година, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Ул. “Аминта Трети” бр.2 Скопје.


Тимовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Платежната агенција и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, денеска во рамките на теренската кампања беа во регионот на Неготино и Кавадарци, каде остварија повеќе средби со земјоделци. Целта на денешните средби е да се доближат новите мерки и програми до земјоделците за нивна подобра информираност и поттикнување да аплицираат на повиците кои веќе се во тек или ќе се објавата наскоро.

Првата средба се одржа во Неготино на која присуствуваа претставници на малите семејни винарии и сопственици на мали дестилерии, кои се потенцијални апликанти на новиот повик за мали винарии и десетилерии кој веќе е во тек. На средбата, детално им беа објаснети условите дефинирани во повикот, и можностите кои ги добиваат доколку аплицираат и добијат грант  до 10.000 евра по корисник, со кој можат да набават опрема за производство. Рокот за аплицирање на овој повик истекува на 01. април.


Денеска на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавени се два јавни повици за финансиска поддршка на земјоделски производители на храна Повик за финансиска поддршка на производители на храна од животинско потекло и Повик за финансиска подршка на производители на храна од неживотинско потекло.

Предмет на овие јавни повици е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско и неживотинско потекло.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици