Соопштенија


Во пресрет на почетокот на новата сезона, непосредно пред сеидбата на новата реколта сончоглед, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923“ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци - производители на сончоглед.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го посети виничкиот регион и оствари средби со земјоделци во неколку винички села. Со денешната теренска активност, почнувајќи од Виница, министерот го најави почетокот на нова теренска кампања, преку која од блиску ќе ги запознаеме малите производители за сите нови мерки и програми кои ќе се реализират во текот на оваа година. 

„Во наредниот период започнуваме голема теренска кампања во која јас заедно со тимови на министерството, Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе ве посетиме вас земјоделеците, за директно да ве запознаеме со сите нови мерки кои ви ги ставаме на располагање“ изјави министерот Николовски и ги повика земјоделците да се приклучат, навремено да се информирате и максимално да ги искористите сите нови мерки за поддршка.


Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри.

Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на вино.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска  во државното ловиште „Фазанерија“ свечено ги додели договорите за концесии за користење на дивечот во ловиштата.

Минатата година беше објавен јавен повик за доделување концесија за користење на дивечот и ловиштата во 9 ловни реони во државава во кои има 43 ловишта. По завршување на постапката, склучени се 32 договори за концесии за 32 ловишта од целата територија на државава. Денеска беа доделени договорите за ловиштата во ловните реони Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Гостивар, Демир Хисар, Битола, Охрид, Ресен и Кичево.


Во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“  вчера се одржа завршен настан.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и имплементиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство на Република Хрватска – Управа за рибарство и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како главен корисник на проектот. Вредноста на проектот е во износ од 250.000,00 евра и започна со имплементација на 09 мај 2022 година, со времетраење од 10 месеци.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици