Соопштенија


Денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, одржаа повеќе средби со успешни жени земјоделки.

Жената земјоделка сите овие изминати години беше наш главен фокус, во мерките и политиките што како министерство ги креиравме, а во тој правец, посветено ќе продолжиме и во наредните години. Заедно постигнавме многу успешни резултати и заедно можеме да постигне уште повеќе резултати за жените земјоделки.


Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо.

Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна исплата на субвенциите.

До сега, преку новиот модел за субвецнионирање, авансна субвенција е исплатена кон сите земјоделци. Аванса субвенција добија лозарите, овоштарите, градинарите, полјоделците и сточарите.


Собранието на Република Северна Македонија, денес го изгласа новиот Закон за рибарство и аквакултура. Законско решение, кое во целосно е усогласено со регулативите на Европската Унија.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на овци, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци.

Како корисници на оваа финансиска поддршка се јавуват земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 30 овци постари од 12 месеци, на денот на поднесување на барањата за поддршка и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач, или предале/заклале јагниња во преработувачки капацитети.


Со поддршка на Меѓународната академија за спроведување на закони во Соединетите Американски Држави (ILEA) во Будимпешта Унгарија, од 4 до 8 март 2024 година, се организираше настанот “Програма против компјутерски криминал за нелегална трговија со животни и растенија. На настанот учество земаа претставници од Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Црна Гора.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици